Екстремно високите температури го одложија почетокот на наставата во основните и средните училишта во Република Српска.
Министерството за образование и култура донело одлука наставата да не започне во периодот од 4 до 11 септември 2026 година поради високите температури и несоодветните услови за нормално одвивање на образовниот процес.
Како што соопштија од Министерството, одлуката е донесена пред сè заради заштита на здравјето и безбедноста на учениците и вработените.
„Мерката е преземена со цел заштита на здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата и обезбедување безбедни и соодветни услови за спроведување на образовната работа, во согласност со важечките законски прописи“, се наведува во соопштението.
Тоа значи дека учениците нема да седнат во училишните клупи на 4 септември, како што било предвидено, туку по завршувањето на периодот за кој се очекуваат екстремно високи температури.
Одлуката се однесува на основните и средните училишта во Република Српска.









