ПРВ.мк
Македонија

Затвореник од Идризово ѝ се заканувал на партнерката преку телефон: Закани добивал и нивниот малолетен син

Затвореник од Идризово ѝ се заканувал на партнерката преку телефон: Закани добивал и нивниот малолетен син

Триесет и петгодишна жена од Тетово пријавила во полиција дека нејзиниот невенчан сопруг, кој во моментов издржува затворска казна во КПУ „Затвор Идризово“, испраќал заканувачки пораки кон неа и нивниот малолетен син.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 3 септември околу 20:50 часот во СВР Тетово.

Жената пријавила дека нејзиниот партнер преку мобилна апликација испраќал пораки со закани кон неа и нивното дете.

Пријавениот маж во моментот се наоѓа на издржување затворска казна во Идризово.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.