ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 73-годишната Ф.А. од Кичево поради сомнение дека сторила кривично дело „насилство врз дете“.
Според пријавеното, инцидентот се случил на 29 август околу 18 часот во двор во Кичево, каде две деца си играле со топка.
Како што е наведено во пријавата, 73-годишната жена најпрво фрлала дрва кон децата, а потоа ги бркала низ дворот со остар предмет.
Во текот на инцидентот, според полициските информации, била оштетена и топката со која си играле децата.
ОВР Кичево го документирало случајот и против жената е поднесена кривична пријава за „насилство врз дете“.









