Политологот и поранешен пратеник во Бугарија, Калојан Методиев, го коментираше скандалот на концертот во Велес, кога српската турбофолкерка Светлана Ражнатовиќ (Цеца) се обвила со бугарско знаме, предизвикувајќи жестока реакција од публиката и прекин на настапот.
„Со ова си обезбеди место во бугарската историја“, изјави Методиев, истакнувајќи дека во Македонија постои „патолошка омраза кон сè што е бугарско“. Тој додава дека односите со Македонија се катастрофални и дека политичката елита во Бугарија, како и дел од дипломатијата, се делумно виновни за состојбата.
Методиев посочува дека треба целосно преиспитување и нов пристап кон соседот, со цел ресоцијализација на политичката генерација во Македонија, која, според него, „сатанизира“ Бугарија.
















