ПРВ.мк
Балкан

Еди Рама експлодира: Албанци, Косовари и Македонци најголеми загадувачи на плажите!

Еди Рама експлодира: Албанци, Косовари и Македонци најголеми загадувачи на плажите!

Премиерот на Албанија, Еди Рама, жестоко го критикуваше однесувањето на туристите од Албанија, Косово и Македонија, нарекувајќи ги „најголеми загадувачи“ на албанските плажи. Тој истакна дека, и покрај тоа што овие туристи се претставуваат како најпатриотски, токму нивното однесување го нарушува угледот на туризмот и чистотата на плажите.

Рама потенцираше дека не туристите кои зборуваат англиски, шпански или италијански се проблем, туку оние што зборуваат албански и кои на стадионите сакаат „војна“ со Србија, се најгласни и најнеорганизирани во одржувањето на јавниот простор.

Дополнително, премиерот најави дека планира забрана на музиката „талава“ во плажните барови како дел од мерките за заштита на животната средина и промовирање на културна и одговорна туристичка атмосфера. Мерките се дел од пошироката стратегија на владата за подобрување на квалитетот на туризмот и зачувување на природните ресурси.

Escape