ПРВ.мк
Балкан

Мирот може да се случи наскоро: Турција и Русија работат на забрзан прекин на огнот – еве ги деталите!

Мирот може да се случи наскоро: Турција и Русија работат на забрзан прекин на огнот – еве ги деталите!
Kristal

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека преговорите во Истанбул претставуваат важна пресвртница за постигнување мир во руско-украинскиот конфликт и нагласи дека процесот мора повторно да се активира.

„Веруваме дека би било корисно повторно да се активира истанбулскиот процес со посеопфатна содржина која ќе се занимава со акутните проблеми. Очекуваме сите партнери кои сакаат да го запрат крвопролевањето во регионот да покажат конструктивен пристап кон процесот. Истанбулските преговори претставуваат важна пресвртница во дипломатските напори, особено во време кога разорните последици од војната сè повеќе се продлабочуваат,“ изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Анкара, пренесе ТРТ Хабер.

Тој истакна дека продолжувањето на преговорите со посеопфатен и попрагматичен пристап би можело да придонесе за пронаоѓање патишта кон мир во Украина. Ердоган потсети на хуманитарните резултати од трите рунди преговори одржани во Истанбул и нагласи дека Турција е подготвена да разговара со Русија за предлози кои би можеле да го забрзаат прекинот на огнот и да отворат пат за праведен и траен мир.

Escape