Брачен пар од Србија трагично го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на Симитли, во југозападниот дел на Бугарија, додека се враќале од летување во Грција.
Според првичните информации што ги пренесуваат локалните медиуми, возачот на автомобилот најверојатно заспал зад воланот, по што возилото преминало на спротивната коловозна лента. Потоа најпрво се судрило со еден товарен камион, а веднаш потоа и со втор, кој превезувал преголем товар.
Во несреќата животот го загубиле маж и жена, двајцата на 54-годишна возраст. Возачите на двата камиона, кои биле со унгарски и романски регистарски таблички, не се здобиле со повреди.
На местото на несреќата веднаш пристигнале три екипи на итната медицинска помош, две од Благоевград и една од Симитли, како и противпожарни служби кои интервенирале по судирот.
Бугарската полиција спроведува истрага за да ги утврди точните околности и причините што довеле до оваа трагична сообраќајна несреќа.








