ПРВ.мк
Балкан

Рутинска контрола откри голем шверц: Во куфер имала речиси 15 килограми дрога

Рутинска контрола откри голем шверц: Во куфер имала речиси 15 килограми дрога

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 32-годишна државјанка на Шпанија, откако на аеродромот во Загреб во нејзиниот куфер била откриена голема количина марихуана.

Настанот се случил на 21 јули во Велика Горица, каде жената пристигнала со авион. По преземањето на својот багаж, таа била издвоена за дополнителна контрола во рамки на редовните безбедносни проверки што се спроведуваат на аеродромот.

Поради сомневање дека превезува нелегална дрога, полицијата обезбедила судска наредба за претрес на багажот. При отворањето на куферот биле пронајдени два вакуумски запечатени пакета со вкупно 14.920 грама марихуана.

Според сомневањата на истражните органи, дрогата била наменета за понатамошна нелегална продажба.

По завршувањето на истрагата, против шпанската државјанка е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Велика Горица, а таа е предадена во притвор во согласност со законските процедури.