ПРВ.мк
Македонија

Полицијата го запрела на контрола, а потоа следувал шокантен наод во возилото

Полицијата го запрела на контрола, а потоа следувал шокантен наод во возилото

Граничната полиција приведе 36-годишен жител на Струмица, откако при контрола на возило во близина на Гевгелија биле откриени седум мигранти кои нелегално се превезувале кон внатрешноста на земјата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 24 јули околу 19:30 часот во близина на крстосницата меѓу локалниот пат Богородица–Гевгелија и регионалниот пат Гевгелија–Богданци.

При проверка на патничко возило „Фиат Стило“ со австриски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (36) од Струмица, полицајците затекнале седум мигранти – четворица државјани на Пакистан, двајца од Авганистан и едно лице од Турција.

Со дополнителните проверки било утврдено дека возачот управувал со возилото без да поседува важечка возачка дозвола. За случајот веднаш бил известен надлежен јавен обвинител, додека мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосното документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со криумчарење мигранти, фалсификување исправа и безобѕирно управување со моторно возило.