ПРВ.мк
Балкан

Шок на граница: Во куфер пронашле жива жена

Шок на граница: Во куфер пронашле жива жена

Албанската гранична полиција приведе 26-годишен француски државјанин, откако при контрола на неговото возило на граничниот премин Муриќан открила жена скриена во патнички куфер.

Според информациите од полицијата, во куферот се наоѓала државјанка на Тајланд, која на тој начин требало нелегално да биде пренесена надвор од Албанија. Истражителите утврдиле дека крајната дестинација била Франција, а планираната маршрута водела преку Црна Гора и Хрватска.

Францускиот државјанин веднаш бил уапсен под сомнение за обид за нелегално криумчарење лица, додека тајландската државјанка била пронајдена жива за време на рутинската гранична контрола.

Надлежните институции соопштија дека истрагата е во тек и треба да утврди како бил организиран обидот за нелегален транспорт, како и дали во случајот се вмешани и други лица.