Полицијата во Чачак ги уапсила С.М. (37) и Ѓ.М. (31), кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
При претрес на станот и други простории што ги користеле осомничените во околината на Чачак, полицијата пронашла поголема количина материјали за кои постои сомнение дека се поврзани со дрога.
Според соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, меѓу пронајденото имало 5,5 килограми исушена растителна материја која наликува на канабис, како и повеќе од 30 грама бела прашкаста материја за која постои сомнение дека е амфетамин.
Покрај тоа, при претресот биле пронајдени и 140 грама креатин, супстанција која најчесто се користи како додаток во исхраната за зголемување на мускулната маса.
Полицајците пронашле и прецизна дигитална вага со траги од бела прашкаста материја, која е одземена како дел од доказниот материјал.
Акцијата била спроведена од припадници на српското МВР по налог на Вишото јавно обвинителство во Чачак.
На двајцата осомничени им се става на товар кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.
По апсењето им е одредено задржување до 48 часа, во кој рок, заедно со кривична пријава, треба да бидат изведени пред надлежното обвинителство.
Истрагата треба да ги утврди сите околности поврзани со пронајдената материја и евентуалната улога на осомничените во нејзиното производство или дистрибуција.








