ПРВ.мк
Балкан

ПОЖАР ВО БУНГАЛОВ, ПОВЕЌЕ ОД 20 ПОВРЕДЕНИ: Несреќа на езерото Гарда – пожарникарите бараат помош!

ПОЖАР ВО БУНГАЛОВ, ПОВЕЌЕ ОД 20 ПОВРЕДЕНИ: Несреќа на езерото Гарда – пожарникарите бараат помош!

Голем пожар избувнал во камп на езерото Гарда, во Италија, при што се повредени вкупно 24 лица. Дел од нив биле згрижени на самото место, додека други биле пренесени во болница.

Според италијанските власти, едно лице се здобило со тешки изгореници на нозете, додека најголем дел од повредените имале симптоми на труење со јаглерод моноксид, поради вдишувањето чад.

Меѓу повредените има и семејство од Швајцарија со три деца, кое било пренесено со возила на итната медицинска помош.

Пожарот избувнал во бунгалов во кампот „Бела Италија“, во општината Пескиера дел Гарда, непосредно по 6 часот наутро.

Пожарникарите успеале релативно брзо да го локализираат пожарот, но гаснењето било отежнато поради експлозии на плински боци во објектот. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Надлежните служби продолжуваат со утврдување на причините и околностите под кои избувнал пожарот.