ПРВ.мк
Свет

ХОСПИТАЛИЗИРАНО 5-ГОДИШНО МОМЧЕ: Нападнато во дворот на дедо му - полицијата со шокантни детали!

ХОСПИТАЛИЗИРАНО 5-ГОДИШНО МОМЧЕ: Нападнато во дворот на дедо му - полицијата со шокантни детали!

Несекојдневна и драматична ситуација се случила минатиот четврток, кога момче по име Бо било нападнато од питон долг околу три метри додека со својот брат се подготвувало да влезе во базен.

Според таткото на момчето, Бен, семејството седело и ги набљудувало децата пред да скокнат во водата, кога од блиската градина одеднаш се појавила змијата.

„Како црна сенка да излезе од грмушките“, раскажал таткото, опишувајќи го моментот кога питонот се приближил до момчето.

Не е познато дали Бо случајно ја нагазил змијата или, пак, ја исплашил. Питонот во еден момент му се обвил околу глуждот, по што момчето изгубило рамнотежа, се превртело и паднало во базенот. Змијата продолжила да му се обвиткува околу ногата.

Таткото и дедото веднаш скокнале во базенот

Штом виделе што се случува, таткото и 76-годишниот дедо на момчето веднаш влегле во базенот за да му помогнат.

Дедото успеал да го извлече детето од водата, додека на таткото му биле потребни неколку моменти за да го ослободи неговиот глужд од стегнатата змија.

И покрај нападот, Бо се покажал храбро. Момчето се здобило со убоди од змијата на ногата, по што било пренесено во болница. По лекарскиот преглед било пуштено дома на понатамошно закрепнување.

Таткото открил дека неговото семејство живее на имотот веќе 36 години и дека во тој период виделе околу десет змии во околината.

„Сега е нивната сезона“, изјавил тој, алудирајќи на периодот кога змиите се почесто активни.

Мајката со предупредување до другите родители

Мајката на Бо, Тес, преку интернет ги предупредила другите родители да бидат особено внимателни кога децата се играат надвор.

Таа истакнала дека семејството имало среќа што ситуацијата не завршила со посериозни повреди, бидејќи било потребно значително напор за питонот да биде отстранет од ногата на детето.

Иако Бо физички поминал без потешки последици, неговата мајка вели дека момчето било многу потресено од случката.

Семејството сега предупредува дека во периодот на зголемена активност на змиите треба да се посвети особено внимание на дворовите, градините и местата каде што престојуваат деца.

Најнови вести