ПРВ.мк
Балкан

Се повлекува популарен леб од продажба: Ако го купивте, не го јадете!

Се повлекува популарен леб од продажба: Ако го купивте, не го јадете!

Трговскиот синџир „Спар Хрватска“ од претпазливост повлече од продажба одредени серии од производот „Free From леб со семки“ од 200 грама, поради можно зголемено количество на цијановодородна киселина.

За повлекувањето информираше Државниот инспекторат на Хрватска, наведувајќи дека мерката се однесува исклучиво на производот „Free From леб со семки“ во пакување од 200 грама, со сериите LOT 260240, со рок на употреба до 15 јули 2026 година, и LOT 260272, со рок на употреба до 28 јули 2026 година.

Производот се повлекува бидејќи не е во согласност со европските прописи за безбедност на храната, поради можноста да содржи повисоко количество цијановодородна киселина.

Лебот на хрватскиот пазар го дистрибуира компанијата „Спар Хрватска“, која ги повика потрошувачите што го купиле производот да не го консумираат и да го вратат во најблиската продавница, согласно процедурите на компанијата.

Надлежните институции нагласуваат дека повлекувањето е превентивна мерка насочена кон заштита на здравјето на потрошувачите, додека дополнителните проверки се во тек.