Грчките власти објавија црвено предупредување во повеќе региони низ земјата поради исклучително висок ризик од појава на пожари, ставајќи го целиот државен апарат во состојба на зголемена оперативна готовност, пренесува ЕРТ њуз.
Највисокото ниво на опасност е прогласено за следните подрачја:
- Атика (вклучително и островот Китира)
- Регионалните единици Коринт, Арголида, Аркадија и Лаконија
- Островот Крит
- Регионалните единици Беотија, Фтиотида и Евбеја
- Островите во северниот дел на Егејското Море: Лезбос, Хиос, Самос и Икарија
- Подрачјата во јужниот Егеј и Кикладите
Со активирањето на црвеното предупредување, националниот механизам за цивилна заштита е ставен во целосна мобилизација, со што се распоредени неопходниот персонал, опрема и ресурси за брза и ефикасна реакција при евентуално избувнување на пожари.
Туристите доколку добијат СМС порака, веднаш да ги напуштат хотелите!







