ПРВ.мк
Балкан

„Ракетата удри на неколку метри од мене“ – потресно сведоштво на хрватски морнар

„Ракетата удри на неколку метри од мене“ – потресно сведоштво на хрватски морнар

Хрватски морнар кој се наоѓал на катарскиот танкер „Ал-Рекајат“ го опиша драматичниот момент кога бродот бил погоден во ракетен напад додека пловел низ Ормускиот Теснец.

Според хрватските медиуми, на танкерот имало најмалку шест хрватски државјани, а сите поминале без повреди.

„Само да ве известам дека сите сме добро. Го изгаснавме пожарот, има само малку чад. Бев на стража. За среќа, бев два метра пред контролната соба кога експлодираше. Преживеав по Божјо чудо“, раскажал еден од членовите на екипажот.

Според достапните информации, танкерот претрпел сериозни оштетувања откако бил погоден додека пловел по оманската страна на Ормускиот Теснец.

По ударот избувнал пожар во машинскиот дел на бродот, но екипажот успеал навреме да го локализира и да спречи поголема несреќа.

„Ал-Рекајат“ е танкер за превоз на течен природен гас во сопственост на катарската компанија „Накилат“, која управува со една од најголемите светски флоти за транспорт на ЛНГ.

Инцидентот дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста на поморскиот сообраќај во Ормускиот Теснец, еден од најважните светски енергетски коридори.