ПРВ.мк
Балкан

НОВА АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА: Африканската свинска чума стигна до нови места во Србија, под удар и пограничните региони

НОВА АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА: Африканската свинска чума стигна до нови места во Србија, под удар и пограничните региони

Србија се соочува со ново ширење на африканската свинска чума, откако беа регистрирани нови жаришта во повеќе региони, меѓу кои и подрачјето во близина на границата со Хрватска.

Според изјавите на министерот за земјоделство Драган Гламочиќ, вирусот моментално е присутен во седум окрузи и 52 населени места. Во последните денови се потврдени нови случаи во Бездан, кој се наоѓа во близина на хрватската граница, како и во Јужнобачкиот округ.

Надлежните предупредуваат дека состојбата не е поволна, а ширењето на болеста се поврзува со движењето на дивите свињи, кои се меѓу главните преносители на вирусот. Дополнителен ризик претставува и ниското ниво на Дунав, бидејќи во одредени делови дивите свињи можат полесно да ја преминат реката.

Од почетокот на заразата досега во Србија се усмртени или угинале околу 28.000 свињи. На дел од фармите им се воведени ограничувања, а во неколку општини е прогласена вонредна состојба за полесно спроведување на мерките за заштита и дезинфекција.

Како дополнителна мерка се најавува и организиран лов на диви свињи под строга контрола, при што секоја единка ќе биде проверувана.

Африканската свинска чума не е опасна за луѓето, но претставува сериозна закана за домашните свињи и може да предизвика големи економски загуби во земјоделството.