Автобус полн со туристи од Србија излетал од пат во Бугарија во раните утрински часови, додека патниците се враќале од летување во турското туристичко место Кушадаси.
Според првичните информации, сообраќајната несреќа се случила околу 3 часот по полноќ, на приближно 150 километри од Софија.
Во автобусот се наоѓале поголем број патници од Србија, главно млади луѓе кои се враќале дома по летувањето во Турција.
Повеќето патници спиеле во моментот кога автобусот излетал од патот.
Засега нема официјално потврдени информации дали во несреќата има повредени лица, ниту што точно довело до излетувањето на автобусот.
Се очекуваат дополнителни информации од надлежните служби за околностите и последиците од несреќата.









