ПРВ.мк
Магазин

ФОТО: Хали Бери без градник на одмор на Фиџи – изгледот пред 60-тиот роденден предизвика лавина реакции

ФОТО: Хали Бери без градник на одмор на Фиџи – изгледот пред 60-тиот роденден предизвика лавина реакции

Хали Бери наскоро ќе го прослави својот 60-ти роденден, а со најновите фотографии од семејниот одмор на Фиџи повторно го привлече вниманието на јавноста.

Познатата актерка престојувала на приватен остров заедно со својот вереник Ван Хант и децата, а дел од моментите од патувањето ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

На фотографиите Бери позира во опуштено летно издание, со цвет во косата и широка облека со прерамки под која не носела градник. Таа сподели и моменти од семејното уживање на плажа, на брод, во природа и во локалната храна.

Прославата за нејзиниот роденден започнала една недела порано, со вечера и торта во ресторан на островот.

„Овој семеен одмор беше незаборавен“, напиша актерката, заблагодарувајќи му се на персоналот за гостопримството и посочувајќи дека едвај чека повторно да се врати на Фиџи.

Нејзиниот изглед предизвика бројни реакции од обожавателите.

„Старееш како добро вино“, „Прекрасна си“ и „Само сите да изгледавме вака на 60 години“, се само дел од коментарите под објавата.

Хали Бери и претходно привлекуваше внимание со фотографии од своите патувања и смели модни комбинации, меѓу кои и црно боди од чипка, како и фотографија покрај базен со голема летна шапка.