ПРВ.мк
Македонија

АЛАРМ НА ПЕЛИСТЕР: Вооружени лица влегле во зона под строга заштита

АЛАРМ НА ПЕЛИСТЕР: Вооружени лица влегле во зона под строга заштита

Вооружени лица биле откриени во зоната на строга заштита на Националниот парк Пелистер, по ноќна акција спроведена од ренџерската служба и полициски службеници од СВР Битола.

Акцијата се одвивала на исклучително тешко достапен терен, на над 2.000 метри надморска височина, каде контролата и редовното патролирање се значително отежнати.

Од Националниот парк Пелистер посочуваат дека токму зоната на строга заштита често е цел на незаконски активности, а еден од главните проблеми е недоволната инфраструктура која го отежнува надзорот.

Според НП Пелистер, шумските патишта кои требало да бидат клучни за заштита на природата, противпожарните активности и работата на ренџерската служба со текот на времето пропаѓале.

Од паркот најавуваат дека обновувањето на оваа инфраструктура е меѓу нивните приоритети и дека веќе се преземаат активности за нејзино подобрување.

Ноќната акција на ренџерите и полицијата уште еднаш го отвора прашањето за контролата и заштитата на најчувствителните делови од Националниот парк, особено на терените до кои пристапот е исклучително тежок.