ПРВ.мк
Балкан

Арапски милијардер го насочува погледот кон Буљарица – ќе никне ли најлуксузниот ресорт на Јадранот?

Арапски милијардер го насочува погледот кон Буљарица – ќе никне ли најлуксузниот ресорт на Јадранот?

Будва повторно станува центар на вниманието на глобалните инвеститори. Претседателот на општината, Никола Јовановиќ, и претседателот на Општинското собрание, Петар Оџиќ, се сретнаа со Мохамед Алабар – основачот на гигантите „Емар Пропертис“ и „Игл Хилс“.

Фокусот на средбата беше картата на Буљарица – локација која со години се споменува како идеално место за изградба на луксузно туристичко одморалиште.

На маса беа ставени темите за туризмот, инфраструктурните вложувања и моделите на јавно-приватно партнерство. Јовановиќ изјави дека Будва е „срцето на црногорскиот туризам“ и дека без меѓународен капитал државата тешко може да ја задржи конкурентноста.

Алабар, пак, ја оцени посетата како „прв чекор“ кон големи проекти што би можеле да ја променат туристичката слика на регионот. „Будва и Црна Гора имаат ресурси и потенцијал, а ние сме подготвени да инвестираме глобално искуство и капитал“, истакна тој.

Двете страни нагласија дека секоја инвестиција ќе мора да се темели на заштита на животната средина и одржлив развој. Во наредниот период ќе се дефинираат конкретни проекти и модели на соработка, со амбиција Будва да ја зацврсти позицијата како водечка туристичка дестинација на Јадранот.

Escape