Во текот на ноќта, во Прешево се случила тепачка меѓу двајца Албанци, во која тешко е повредено трето лице кое се обидело да го спречи судирот.
Мажот кој се обидел да го спречи судирот меѓу двајцата Албанци, бил примен нешто по полноќ во Здравствениот центар во Врање, со убодни рани во пределот на стомакот и градниот кош.
Полицијата сè уште не се огласила по овој повод, а истото важи и за обвинителството.








