ПРВ.мк
Балкан

АЛАРМ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ: Популарно мелено месо итно повлечено од продажба – еве што открија во производот!

АЛАРМ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ: Популарно мелено месо итно повлечено од продажба – еве што открија во производот!

Хрватскиот Државен инспекторат нареди итно повлекување на одредена серија мешано мелено месо од производителот PIK Vrbovec, откако при контрола било утврдено присуство на страно тело во производот.

Од продажба се повлекува следниот производ:

  • Мешано мелено месо – 850 грама
  • ЕАН код: 3850139435917
  • ЛОТ број: L 960519
  • Рок на употреба: 25.05.2026

Според надлежните институции, производот е оценет како небезбеден за консумација и не е во согласност со прописите за безбедност на храна.

Бидејќи производите на овој бренд се продаваат и во регионот, потрошувачите се повикуваат внимателно да ги проверат пакувањата и декларациите доколку неодамна купиле вакво мелено месо. Надлежните препорачуваат производот да не се консумира и да се врати на местото на купување.