ПРВ.мк
Балкан

АЛАРМ ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ ВО СРБИЈА: Чадот стигна во соседна земја, десетици повици на 112 (ВИДЕО)

АЛАРМ ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ ВО СРБИЈА: Чадот стигна во соседна земја, десетици повици на 112 (ВИДЕО)

Србија се соочува со тешка состојба поради активните пожари, а размерите на проблемот се толкави што земјата побара меѓународна помош.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека е активиран Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Побарана е помош и од Русија со големиот противпожарен авион „Иљушин-76“.

Најкритична е состојбата во Делиблатско Песочиште, каде што песокливиот терен го оневозможува пристапот на тешката механизација до одредени места.

Во битката со огнената стихија секојдневно се вклучени повеќе од 400 припадници на различни служби. Дополнителен проблем создава силниот ветер, кој постојано го менува правецот и го отежнува локализирањето на пожарите.

Размерите на пожарите се почувствувале и надвор од Србија. Густиот чад стигнал до романскиот град Темишвар, каде што жителите биле советувани да останат во своите домови.

Само во текот на претходниот ден, на романскиот број за итни случаи 112 биле примени десетици повици од граѓани поради силниот мирис на чад.

Претходно и од Бугарија имаше информации дека чад од пожарите стигнал до нивна територија.

Видео: