ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО, ВИДЕО) Паника поради „гумено млеко“, излегоа вознемирувачки информации, бројот на заболени скокна за дури 84 отсто во ЕУ: „Не трујат!“

(ФОТО, ВИДЕО) Паника поради „гумено млеко“, излегоа вознемирувачки информации, бројот на заболени скокна за дури 84 отсто во ЕУ: „Не трујат!“

Платформата „Halo, inspektore“ објави обемен текст во кој предупредува на зголемен број микробиолошки инциденти во млечната индустрија низ Европската унија, посочувајќи дека проблемите во производствените процеси може сериозно да ја загрозат безбедноста на храната. Според нивните наводи, бројот на заболени лица поврзани со консумација на контаминирани млечни производи значително пораснал, дури за околу 84 проценти во краток временски период.

Во објавата се повикуваат на податоци од European Food Safety Authority и European Centre for Disease Prevention and Control, каде се наведува дека бројот на пријавени случаи пораснал од 466 на 858. Истовремено, зголемен е и бројот на хоспитализации, што дополнително ја засилува загриженоста кај експертите.

Посебно внимание привлече феноменот познат како „ropу milk“, односно слузаво или растегливо млеко, кое настанува како последица на бактериска контаминација во текот на производството. Според експертите, проблемот често произлегува од недоволна хигиена во фабричките системи, каде се создаваат бактериски слоеви што можат да го контаминираат производот дури и по стерилизација.

Во текстот се споменува и голем скандал со детска храна, при што компании како Nestlé, Danone и Lactalis биле принудени да повлечат производи од повеќе земји поради присуство на опасни токсини.

ВИДЕО

Авторите предупредуваат дека ваквите случаи покажуваат дека ниту големите производители не се имуни на пропусти. Тие апелираат до надлежните институции за построги контроли, а до потрошувачите – да бидат внимателни и да го проверуваат квалитетот на производите што ги купуваат.