Едно лице го загуби животот, а 17 други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на главниот пат Котор – Никшиќ, во близина на местото Липци, пренесуваат црногорските медиуми.
Според неофицијалните информации објавени од ТВ „Вијести“, несреќата се случила околу 13:40 часот, кога патничко комбе од засега непознати причини излетало од коловозот.
Од Полициската управа за „Вијести“ неофицијално потврдиле дека во несреќата едно лице починало, додека 17 лица се здобиле со повреди.

Повредените веднаш биле пренесени во болницата во Рисан, каде медицинските екипи им укажуваат лекарска помош.
Причините поради кои дошло до излетување на возилото сè уште не се познати. Надлежните служби извршуваат увид на местото на несреќата, по што ќе бидат познати повеќе детали за трагичниот настан.









