Дваесетгодишна девојка вечерва беше тешко повредена во напад со нож што се случил во парк кај Вуковиот споменик во Белград.
Според информациите на српските медиуми, нападот се случил нешто по 21 часот, по што на местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош.
Девојката со тешки телесни повреди била итно пренесена во Ургентниот центар, каде што е задржана на реанимација. Според неофицијални информации, таа се здобила со убодни рани во пределот на вратот и стомакот.
По кратка потрага, полицијата успеала да го пронајде и уапси мажот осомничен за нападот.
Надлежните институции спроведуваат истрага за да ги утврдат сите околности и мотивите за нападот, додека лекарите продолжуваат да се борат за животот на повредената девојка.







