ПРВ.мк
Балкан

Александар Вучиќ му честиташе на Румен Радев – порака што ја бранува регијата!

Александар Вучиќ му честиташе на Румен Радев – порака што ја бранува регијата!

Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговарал со Румен Радев и му честитал за изборниот успех во Бугарија.

Во објавата што ја пренесуваат српските медиуми, Вучиќ истакнал дека резултатот на изборите претставува можност за зајакнување на стабилноста и напредокот во регионот, како и за подобрување на односите меѓу Србија и Бугарија.

Тој додал дека Србија останува посветена на градење партнерски односи и зачувување на регионалната стабилност, нагласувајќи ја важноста на добрососедската соработка и заедничките интереси.

Овој разговор доаѓа по изборите во Бугарија, на кои коалицијата на Румен Радев, „Прогресивна Бугарија“, според излезните анкети освои најмногу гласови, но без апсолутно мнозинство, што остава отворено прашање за формирање нова влада.