ПРВ.мк
Балкан

Напад на северната граница - еве кој пукал кон српските војници во мракот

Напад на северната граница - еве кој пукал кон српските војници во мракот
Kristal

Според информации објавени од српски Курир, денес околу 15 часот дошло до инцидент во реонот на српската воена база „Дебела Глава“. Маскирана вооружена група, за која неофицијално се тврди дека била составена од Албанци, отворила оган во правец на припадници на српската војска.

Според првичните информации, биле испукани околу 15 истрели. Во инцидентот било погодено куче кое се наоѓало близу патролата, додека припадниците на војската не се повредени.

Наводно, напаѓачите избегале со шест теренски возила во правец кон Косово.

Надлежните служби работат на утврдување на сите детали околу нападот.

Escape