Пред 34 години, во 1991 година, Македонија го започнува својот независен пат со БДП од 4,9 милијарди долари, додека Албанија, тогаш излегувајќи од комунистичкиот режим, имала БДП од 1,1 милијарди долари. Тоа значи дека Македонија тогаш имала речиси шест пати поголема економија од Албанија.
Но, времето донесе големи промени:
- БДП 2025 година: Македонија: 16,69 милијарди долари Албанија: 27,2 милијарди долари
- Македонија: 16,69 милијарди долари
- Албанија: 27,2 милијарди долари
За 34 години, Македонија успеала да го тројно зголеми својот БДП, додека Албанија го зголемила речиси 27 пати, што резултира со тоа денес Албанија да има двојно поголема економија од Македонија.
Бруто-домашниот производ (БДП) ја мери вкупната економска активност на една земја и претставува клучен показател за нејзината големина и развој. Овие податоци јасно покажуваат дека економскиот раст во Македонија бил значително побавен, додека Албанија бележи динамичен и силен развој во истиот период.
Сликите од Тирана и Скопје некогаш и денес дополнително ја илустрираат оваа економска трансформација.













