Сообраќајот на регионалниот пат Р1105, од село Удово кон Валандово, е целосно во прекин поради сообраќајна незгода.
Според информациите од Автомото сојузот на Македонија, прекинот започнал во 16:50 часот, а возачите се советуваат да избегнуваат овој дел од патот и да користат алтернативни правци додека не се расчисти незгодата.













