Неексплодираната бомба што била пронајдена во двор на семејна куќа на Бежаниска Коса во Белград наводно прво ја забележало кучето на семејството.
Според изјава на роднина на сопствениците, кучето го пронашло сомнителниот предмет во дворот, го зело во уста и почнало да го носи. Кога членовите на семејството сфатиле за што станува збор, веднаш го одвоиле кучето од направата и ја повикале полицијата.
Бомбата не експлодирала, а на местото интервенирала контрадиверзиона екипа, која ја обезбедила, ја ставила во специјализирано возило и ја отстранила од дворот.
Полицијата во меѓувреме ги презела снимките од надзорните камери од куќата и околните објекти, со цел да се утврди кој ја фрлил експлозивната направа преку оградата.
Според неофицијалните информации, сопственикот на куќата во моментот не бил во Белград, но во домот се наоѓале членови на неговото семејство.
Случајот е особено загрижувачки бидејќи истиот бизнисмен, според медиумските информации, бил цел на сличен напад и пред нешто повеќе од еден месец.
Истрагата продолжува, а полицијата работи на утврдување на мотивот и пронаоѓање на лицето одговорно за инцидентот.










