ПРВ.мк
Балкан

ПРЕД ОСТАВКАТА ВУЧИЌ НАЈАВИ ПОМИЛУВАЊА И АБОЛИЦИИ: „Многумина ќе бидат изненадени“

ПРЕД ОСТАВКАТА ВУЧИЌ НАЈАВИ ПОМИЛУВАЊА И АБОЛИЦИИ: „Многумина ќе бидат изненадени“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека пред оставката од претседателската функција ќе донесе одлуки за помилување и аболиција на дел од лицата поврзани со настаните во Србија во изминатата година и половина. Информацијата ја потврдува и РТС, каде Вучиќ денеска гостуваше.

Вучиќ изјави дека одлуките ќе опфатат луѓе „од двете страни“, а најави дека дел од јавноста би можел да биде изненаден од тоа кој ќе биде опфатен. Тој објасни дека правниот механизам ќе зависи од статусот на конкретните лица – за оние кои веќе имаат пресуди ќе следува еден вид одлука, а за оние без пресуда друг. 

Во контекст на најавените одлуки, Вучиќ ја спомена и таканаречената „новосадска група“. Засега не е објавен целосниот список на лица кои ќе бидат опфатени со помилувањата и аболициите. 

Вучиќ претходно најави дека вечерва, најверојатно околу 20 часот, ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија и тогаш ќе ги образложи причините за својата одлука.