Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Босна и Херцеговина.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот бил регистриран во 08:34 часот, а епицентарот се наоѓал во поширокото подрачје на Горажде, во близина на местото Ковачи.
Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри, на координати 43,6895 степени северна географска ширина и 18,7915 степени источна географска должина.
Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.










