ПРВ.мк
Македонија

ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ: Уште една успешна ИВФ приказна во Болница Плодност

ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ: Уште една успешна ИВФ приказна во Болница Плодност

Кога знаењето, искуството и довербата ќе се спојат, се создаваат приказни што најдобро зборуваат за работата на еден медицински тим.

Таква е и приказната на 35-годишна пациентка која живее во Шведска, а својата доверба повторно му ја даде на ИВФ тимот на Болница Плодност.

Пред две години таа и нејзиниот сопруг за првпат дошле во Плодност за ин витро постапка. Причината била тежок машки фактор, а третманот завршил со успешна бременост и раѓање на близначиња.

Две години подоцна, семејството повторно се врати на истото место и кај истиот тим.

Овој пат беше направен трансфер на претходно витрифицирана, односно замрзната и потоа одмрзната бластоциста. На контролниот преглед, во петтата гестациска недела и три дена, беше потврдена вијабилна бременост со позитивна срцева акција.

Особено емотивен момент беше повторната средба на пациентката со тимот кому пред две години му ја доверила својата желба да стане мајка.

„Без двоумење се одлучивме за вас“, порача пациентката, која наскоро треба да се врати во Шведска, каде што ќе ја продолжи бременоста.

Но нивната приказна со Плодност можеби не завршува тука.

Семејството има уште четири замрзнати бластоцисти, кои се чуваат за евентуални идни постапки.

За тимот на Болница Плодност, зад медицинските термини, лабораториските процедури и современата репродуктивна медицина секогаш стои една многу поголема цел – создавањето нов живот и семејства.

Оваа приказна е уште една потврда за значењето на знаењето, искуството, континуитетот и, пред сè, довербата што пациентите му ја даваат на медицинскиот тим.

„Да ви е алал што ни ја дадовте довербата!“, беше пораката од докторот.

А одговорот на пациентката можеби најдобро ја заокружува целата приказна:

„Да ви е алал вам и на целиот тим на Болница Плодност.“

Од првата ИВФ постапка, преку раѓањето на близначињата, до новата бременост две години подоцна – уште една животна приказна продолжува со тимот на Болница Плодност. ❤️

Знаењето е сила. Знаењето е моќ. А довербата е она што му дава вистинска вредност.