ПРВ.мк
Црна Хроника

МУ „ФРЛИЛ ОКО“ НА ДЕТСКИ ЧЕТИРИЦИКЛ: 31-годишен скопјанец приведен од полицијата

МУ „ФРЛИЛ ОКО“ НА ДЕТСКИ ЧЕТИРИЦИКЛ: 31-годишен скопјанец приведен од полицијата

Скопската полиција привела 31-годишен маж од Скопје, осомничен дека одзел детски четирицикл на подрачјето на Гази Баба.

Како што информираат од МВР, на 26 септември 2026 година, околу 21:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Б. (31) од Скопје.

По преземените мерки, украдениот детски четирицикл бил пронајден и вратен на неговиот сопственик.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот, против 31-годишникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.