ПРВ.мк
Црна Хроника

Маж ѝ се заканувал на сопругата, сместен во здравствена установа

Маж ѝ се заканувал на сопругата, сместен во здравствена установа

Во раните утрински часови во Скопје бил пријавен случај на семејно насилство, откако 43-годишен маж ѝ се заканувал на својата сопруга со остар предмет.

Според информациите од МВР, настанот бил пријавен на 27 септември во 03:24 часот во СВР Скопје. Инцидентот се случил во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром.

По преземените мерки, 43-годишниот маж бил сместен во здравствена установа.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.