ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА: Провалено во технички преглед, банка и канцеларија на МВР

ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА: Провалено во технички преглед, банка и канцеларија на МВР

Ноќеска во Скопје било провалено во објект на станица за технички преглед на улицата „Александар Урдаревски“, на подрачјето на Чаир.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 02:42 часот. Провалата била извршена во периодот од 15:00 часот на 26 септември до моментот на пријавувањето.

Со употреба на сила било влезено во објектот, а од канцеларијата на раководителот бил одземен ресиверот од системот за видеонадзор.

Полициските службеници кои пристигнале на местото утврдиле дека насилно било влезено и во експозитура на банка, како и во канцеларија на МВР кои се наоѓаат во склоп на истиот објект. Оттаму, според првичните информации, не било одземено ништо.

Извршен е увид, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.