ПРВ.мк
Балкан

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ДАНКА ИЛИЌ: Сведок откри што зборувале обвинетите на денот кога исчезнало девојчето!

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ДАНКА ИЛИЌ: Сведок откри што зборувале обвинетите на денот кога исчезнало девојчето!

Нови детали за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ беа изнесени денеска пред Вишиот суд во Неготин, каде што продолжи судењето против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за нејзиното убиство.

Пред судот сведочеше Зоран Здравковиќ, нивниот поранешен раководител, кој откри што разговарал со обвинетите на 26 март 2024 година, денот кога исчезнало девојчето.

Според неговото сведочење, Драгијевиќ му кажал дека веќе слушнал за исчезнувањето, бидејќи непознат човек ги запрел во Бањско Поле и ги прашал дали го виделе детето.

„Дај Боже да го пронајдат детето“, рекол Драгијевиќ, според зборовите на сведокот.

Здравковиќ нагласил дека ниту тој ден, ниту во наредните денови не забележал ништо необично во однесувањето на двајцата обвинети.

Тој открил и дека вработените ги прашувале зошто биле во улицата каде што исчезнала Данка, кога службено биле ангажирани на друга локација.

Според сведокот, Драгијевиќ и Јанковиќ одговориле дека таму застанале за да извршат мала нужда.

Здравковиќ потврдил и дека сите четири службени возила „фијат панда“ на водоводното претпријатие во тој период имале ГПС-систем за следење, но не знаел дали полицијата ги проверила сите податоци.

Според обвинението, двајцата на 26 март 2024 година со службено возило го удриле девојчето, по што, како што тврди обвинителството, Драгијевиќ го усмртил, а Јанковиќ му помогнал.

Двајцата обвинети ја негираат вината, тврдејќи дека претходните признанија биле изнудени од полицијата.

Телото на Данка Илиќ сè уште не е пронајдено, а судската постапка продолжува.