Цените на јадранскиот брег ова лето предизвикуваат вистинска бура – од пиво за 8,5 евра до морска храна за 100 евра, па сè до шокантни 5 евра за обична вода. На социјалните мрежи туристите реагираат со неверување, а локалците со револт.
„Кога има будали, би продал и за 20!“, саркастично напиша еден корисник на Reddit. Други пак велат дека „Амстердам и Париз се поевтини“, а еден патник сведочи дека во Португалија за целосен оброк платил помалку отколку за едно јадење во Хвар.
Иако на помалку туристичките места цените се далеку поприфатливи, мештаните тврдат дека се чувствуваат исклучени од сопствениот брег: „Зошто заслуживме некој да нè изолира од нашата земја?“
Според коментарите, решението е едноставно: „Ако туристите престанат да плаќаат, цените ќе паднат. Ако не, тогаш сопствениците свесно ја играат таа стратегија.“