ПРВ.мк
Свет

Путин со неочекуван гест: Американец од Алјаска доби нов руски мотоцикл „Урал“ поради санкциите

Путин со неочекуван гест: Американец од Алјаска доби нов руски мотоцикл „Урал“ поради санкциите

Рускиот претседател Владимир Путин испрати личен подарок – нов мотоцикл „Урал“ – на Американецот Марк Ворен од Алјаска. Причината за овој гест е неговото јавно жалење дека поради антируските санкции не може да најде резервни делови за својот стар мотор.

По прилог емитуван на телевизијата „Русија 1“, руските дипломати го пронашле Ворен и му го врачиле новиот мотоцикл. Американецот, кој е страстен љубител на мотори, со возбуда изјави дека подарениот „Урал“ е на многу повисоко ниво од неговиот стар, иако и кон него има голема емоционална врзаност.

Гестот доаѓа само неколку дена пред средбата меѓу лидерите на Русија и САД, што му дава дополнителна симболика на овој чин.

Escape