Серија земјотреси денес го погодија северниот дел на Евискиот Залив во Грција, предизвикувајќи вознемиреност кај локалното население и оштетувања на инфраструктурата во повеќе области.
Според првичните податоци, најсилниот потрес бил со магнитуда од 5,2 степени според Рихтер, а бил регистриран околу 13 часот, со епицентар во близина на Прокопи, на длабочина од околу 5 километри. Пред него биле забележани уште два потреси со јачина од 4,8 и 4,3 степени.
Локалните медиуми јавуваат дека во Прокопио и Дафнус се оштетени дел од куќите, додека училиштата во Мантуди и Прокопи ќе останат затворени како превентивна мерка.
Градоначалникот на Мантуди потврди дека по земјотресите се активирале лизгања на земјиштето на повеќе локации, што дополнително го отежнува сообраќајот и движењето по локалните патишта.
Потресите биле почувствувани и во грчката престолнина Атина, каде граѓаните пријавиле повеќекратни вибрации, но засега нема информации за повредени или поголема материјална штета.









