ПРВ.мк
Балкан

СЕМЕЈСТВОТО БАРА ПОМОШ: Млада медицинска сестра заминала на работа и не се вратила - еве каде последен пат е видена!

СЕМЕЈСТВОТО БАРА ПОМОШ: Млада медицинска сестра заминала на работа и не се вратила - еве каде последен пат е видена!

Млада жена од Хрватска исчезна без трага откако рано наутро тргнала на работа во Загреб, а нејзиното семејство упати очаен апел до јавноста за каква било информација.

Теа Турина, родена 1999 година, утрото околу 5:40 часот го напуштила својот дом во Володер кај Поповача, облечена за работа како медицинска сестра во Клиничката болница Дубрава во Загреб, но оттогаш ѝ се губи секоја трага.

Според семејството, таа како и секој ден ја земала униформата, си подготвила кафе во термос и заминала кон работното место, без никакви знаци дека би можело да се случи нешто необично.

Исчезнатата Теа е висока околу 170 сантиметри, има кафеава коса, а во моментот на исчезнувањето управувала бел „Нисан Ноут“ со регистарски ознаки KT 959 IU.

Нејзината мајка изјавила дека семејството е во шок, нагласувајќи дека Теа има мало дете и дека ништо во нејзиното однесување не укажувало на можност за доброволно исчезнување.

Хрватската полиција активно трага по неа, а семејството ги повикува сите граѓани кои имаат какви било информации веднаш да се јават во најблиската полициска станица. Потрагата е во тек, а случајот предизвика голема загриженост во јавноста.