ПРВ.мк
Балкан

ТРЕВОГА НА ПОПУЛАРНИОТ ОСТРОВ: По два земјотреси туристите итно извлечени од ризичните зони

ТРЕВОГА НА ПОПУЛАРНИОТ ОСТРОВ: По два земјотреси туристите итно извлечени од ризичните зони

Вистинска вознемиреност завладеа на грчкиот остров Крит откако два земјотреси го погодија регионот во интервал од само неколку минути.

Според првичните информации, првиот потрес бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а веднаш потоа следувал и втор, посилен земјотрес од 5,3 степени. Епицентарот бил регистриран во морскиот дел во близина на островчето Гавдос, јужно од Крит, на длабочина од околу 14 километри.

Тресењето било почувствувано во повеќе делови од островот, вклучувајќи ги популарните туристички центри Ханија и Ретимно. Загрижени туристи и локални жители излегле на отворено веднаш по потресите.

Грчките медиуми објавија дека дел од туристите биле итно евакуирани од одредени подрачја како мерка на претпазливост поради опасност од можни одрони и свлечишта.

На терен веднаш биле испратени полициски и спасувачки екипи кои ја следат состојбата. Засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета, но надлежните служби остануваат во состојба на готовност поради можност од нови потреси.

Локалните власти апелираат граѓаните и туристите да ги следат официјалните информации и препораки додека трае проценката на состојбата.