ПРВ.мк
Балкан

ВРЕМЕТО ПОЛУДЕ? Снежни врнежи регистрирани во оваа Балканска држава

ВРЕМЕТО ПОЛУДЕ? Снежни врнежи регистрирани во оваа Балканска држава

Необична временска појава ја изненади Црна Гора, откако снег завеа на планината Бјеласица и ги побели највисоките врвови иако календарски сè уште е лето.

Снежни врнежи се забележани на локалитетот Зекова Глава, каде што поради наглиот пад на температурите планинските предели добија зимски изглед.

Според метеоролошките информации, промената на времето е предизвикана од продор на значително постудена воздушна маса што зафати голем дел од регионот, носејќи нагло заладување.

Фотографии и видеа од заснежените врвови брзо се проширија на социјалните мрежи, а меѓу нив е и снимката објавена од популарната страница „Podgorica Time Machine“, која привлече големо внимание.

Метеоролозите претходно најавија претежно облачно време во северните делови на Црна Гора со повремени врнежи од дожд, а во повисоките предели условите овозможија дождот да премине во снег.

Во текот на денот се очекува постепено стабилизирање на времето и делумно разведрување. Дневните температури во северните делови на земјата се движат од 13 до 22 степени, додека во останатите региони достигнуваат до 29 степени.