Грција е една од земјите во НАТО што издвојува значително висок процент од својот БДП за воени потреби — околу 3,1% во 2024 година, повеќе од Германија, Франција и повеќето други членки. Само САД, Полска, Летонија и Естонија имаат повисоки воени трошоци, главно поради заканите од руската агресија.
Но, главната причина за големите грчки воени расходи не е Русија, туку напнатите односи со соседна Турција, исто така членка на НАТО. Долготрајните историски спорови, особено за островите во Егејското Море и Кипар, создаваат постојана потреба од силно воено присуство на речиси сите грчки острови.
Грчките власти ја гледаат оваа воена потрошувачка како неопходна мерка за зачувување на суверенитетот и одбраната од евентуални турски закани. Сепак, и покрај вложувањата, грчката армија има и свои предизвици — застарена опрема, ограничена обука и разпрснатост на силите.
Големите набавки од САД и Франција ѝ даваат на Грција и дополнителна тежина во НАТО, а неодамнешните планови за зголемување на трошоците на 5% од БДП може да бидат предизвик, но и можност за уште поголемо зацврстување на позицијата на Атина.