Хаос на Партизанска: Ауди леташе низ воздух – граѓани во шок пред своите згради!
Страшна сообраќајна несреќа ја потресе вечерва населбата Карпош 3, откако возило марка „Ауди“ излета од булеварот „Партизански одреди“, недалеку од трговскиот центар „Сити Мол“. Според првичните информации, преголемата брзина е причина за губење контрола – возилото прво удрило во дрвја, а потоа завршило во жардинери среде булеварот.
Сцени од филм на терен
Очевидци сведочат за силен удар и чад, по што брза помош и полиција веднаш пристигнале на местото. Засега нема официјални информации за бројот и состојбата на повредените лица.
Полицијата го обезбеди местото и врши увид, а децении од граѓани се собраа околу, гледајќи во шок и неверување.
„Вакво нешто не е видено кај нас – ќе не испотепаат пред нашите згради!“, изјави еден загрижен жител.
Хроничен проблем без решение?
Несреќата повторно го отвора прашањето за ненормалната брзина со која секојдневно се вози на овој дел од булеварот.
„И коли и мотори летаат тука, а нема ни полиција ни контрола“, предупредува жителка на Карпош 3.
Иако локалните жители повеќепати алармирале за потребата од засилено полициско присуство и поставување набрзински пречки, институциите сè уште немаат преземено конкретни мерки.