Српската водителка Јована Јеремиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со драстични промени во својот дом.
Таа одлучила целосно да ја реновира спалната соба и да се ослободи од еден од своите најпрепознатливи симболи – огромната тапета со лик на лав со круна во пламен, која со години го красеше ѕидот над нејзиниот кревет.
На фотографиите и видеата што ги објави на социјалните мрежи може да се види како мајстори ја отстрануваат тапетата, додека просторијата е во процес на целосна трансформација.
Ѕидот кој досега беше централна точка во нејзината спална соба остана празен, што веднаш предизвика бројни реакции и коментари од нејзините следбеници.
Лавот долго време важеше за еден од заштитните знаци на Јована Јеремиќ и беше дел од препознатливиот стил со кој го уредуваше својот животен простор.
Засега не е познато како ќе изгледа новото уредување, но судејќи според интересот на јавноста, многумина со нетрпение ја очекуваат конечната трансформација на домот на водителката.










