ПРВ.мк
Балкан

Херои на плажа: За секунда спасиле дете од сигурна смрт!

Херои на плажа: За секунда спасиле дете од сигурна смрт!

Вистинска драма се одвивала на капалиште кај Апатин, каде што за малку била избегната трагедија, откако непознато момче почнало да се дави во водата.

Инцидентот се случил во попладневните часови, кога на плажата имало околу триесетина капачи. Двајца деца си играле во водата, но во еден момент едното од нив почнало да тоне и очајно се обидувало да се одржи на површината.

Среќна околност била што во близина се наоѓале двајца млади – Небојша Хиркс (22) и Стефан Клем (20), кои веднаш реагирале и скокнале во водата.

„Забележавме дека едното дете излезе, а другото остана во водата и се бореше да не потоне. Беше на околу десет метри од брегот, па веднаш влеговме да го извлечеме“, раскажува Стефан.

По спасувањето, детето било видно исцрпено и исплашено. Според спасителите, момчето признало дека се изморило и повеќе не можело да плива.

Иако не се познати неговите податоци, благодарение на брзата реакција на двајцата млади, избегната е можна трагедија.

Жителите потсетуваат дека пред три години, речиси во ист период, Апатин беше погоден од трагедија во која животот го загубија две деца, што дополнително ја нагласува сериозноста на ваквите ситуации.