ПРВ.мк
Топ Вести

ВНИМАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ НА ХАЛКИДИКИ: Казна од 300 евра ако го прекршите ова правило!

ВНИМАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ НА ХАЛКИДИКИ: Казна од 300 евра ако го прекршите ова правило!

Македонските туристи кои денес престојуваат на Халкидики треба да бидат внимателни при движењето низ полуостровот, бидејќи од 08 до 20 часот е воведена забрана за пристап и движење во одредени шумски и планински подрачја поради зголемена опасност од пожари. За непочитување на мерката е предвидена административна казна од 300 евра.

Забраната не важи за целиот Халкидики и не значи дека туристичките места или главните патишта се затворени. Ограничувањето се однесува само на конкретно определени природни подрачја на Касандра, Ситонија и во општината Аристотел.

На Касандра, забраната ги опфаќа подрачјата Корифограми, потегот од Касандрино кон Агиа Параскеви, како и Арапис и Халковуни во поширокиот реон на Палиури. На Ситонија, ограничувањето се однесува на планинскиот гребен Драгундели. Во општината Аристотел се опфатени подрачјата од Комица до Урануполи, како и Цамија Стратоникис, Фисока и просторот околу стрелиштето во Стратони.

Во текот на денот грчката полиција и противпожарните служби ќе спроведуваат засилени контроли. Ќе се проверуваат и регистарските таблички на возилата, а лицата кои ќе бидат затекнати во забранетите зони може да бидат отстранети од подрачјето и санкционирани.

Посебно внимание се препорачува за туристите кои планираат излети во внатрешноста на полуостровот, прошетки по шумски патеки или посета на изолирани природни локации. Забраната е воведена поради високите температури, сувата вегетација и временските услови кои го зголемуваат ризикот од избувнување и брзо ширење на шумски пожари.

Мерката важи денес до 20 часот, а казната за нејзино непочитување изнесува 300 евра.